
Балкан Мјузик ТВ ја подготвува новата сезона на „На здравје“ – музика, емоции и најголеми хитови
Од четврток, 4 ноември, официјално започнува снимањето на најновата сезона на еден од најгледаните македонски музички телевизиски серијали – „На здравје“.
Од продукцијата на Балкан Мјузик телевизија најавуваат уште една сезона исполнета со добра музика, позитивна атмосфера и безвременски македонски песни кои со години ги освојуваат срцата на публиката. Гледачите и овојпат ќе имаат можност да уживаат во изведбите на најубавите македонски хитови, отпеани од најпознатите музички имиња и врвни вокали од домашната естрада. Секоја нова епизода ќе донесе препознатлива атмосфера, многу емоции и музика што ги поврзува генерациите.
„На здравје“ со години претставува едно од ретките телевизиски музички остварувања кое успешно ја негува македонската песна, промовира домашни автори и изведувачи и ја зачувува богатата музичка традиција. Од Балкан Мјузик телевизија најавуваат дека наскоро ќе биде објавен и официјалниот датум на премиерното емитување на новата сезона, која, како и досега, ќе биде ексклузивно прикажувана на единствената македонска телевизија целосно посветена на музиката.
Љубителите на добрата македонска песна можат да очекуваат уште една сезона исполнета со незаборавни музички моменти, многу изненадувања и настапи кои повторно ќе ги обединат генерациите пред телевизиските екрани.
Текстот го подготви: Иван Јосимовски
