×

Оваа недела љубителите на македонската музика и традиција ќе имаат можност да уживаат во две исклучителни музички продукции на програмата на Балкан Мјузик ТВ.


Со почеток од 10:00 часот, телевизиската публика ќе може да го проследи Велигденскиот концерт на КУД „Шара“ – музички проект исполнет со изворни македонски песни, ора и обичаи, кој преку врвните настапи на ансамблот ја доловува убавината на македонскиот фолклор и богатото културно наследство.


Во 20:00 часот, премиерно на програмата на Балкан Мјузик ТВ ќе биде емитувано и најновото издание на „Лешочки Фолк Фест 2026“ – фестивал кој и оваа година донесе бројни нови авторски композиции, познати имиња од македонската фолк сцена и незаборавна атмосфера во уникатниот амбиент на манастирскиот комплекс во Лешок. Фестивалот продолжува успешно да ја негува и промовира современата македонска народна песна, претставувајќи нови музички дела и автори пред домашната публика.

Не заборавајте, 13-ти септември 2026 недела. Не пропуштајте два исклучителни музички настана кои ја слават македонската песна, традиција и култура – само на Балкан Мјузик ТВ.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Author

ognanov@gmail.com

Related Posts

Игор Андреевски со емотивна музичка приказна: „Дај ми рака татко“ ќе допре до срцето на секој слушател (Фото)

Постојат песни кои се слушаат, но и песни кои се доживуваат. Токму таква е најновата композиција „Дај ми рака татко“, со која...

Read out all

По 14 години, Марјан Коцев конечно собра сила да ја раскаже најличната музичка приказна (Фото)

Некои песни стануваат хитови веднаш. Други, пак, со текот на времето прераснуваат во дел од животот на оној што ги создал. Токму...

Read out all